Сѐ поголем број угостители во Германија им даваат попусти на храна и пијалаци на оние што плаќаат со готовина.
Причина за попустите се високите провизии кои се применуваат за плаќање со картички. Во некои случаи, трошокот може да се намали и до 5 отсто.
Трошоците за плаќање со картичка се состојат од купување или изнајмување читачи на картички, надоместоци за услуги и надоместоци за трансакции. Сепак, одобрените попусти обично се повисоки. Но, голем дел од експертите се поделени во врска со ова прашање.
Претседателот на германскиот синдикат, Флоријан Коблер, посочува дека попустот во готовина е показател за измама и појаснува дека паричната добивка не се оданочува правилно. Но, индустријата го отфрла ова обвинување.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik