X
 09.12.2019 Живот

Ова ќе го разберат само најстарите деца во семејството

Најстарите деца во семејството се соочуваат со секакви предизвици во текот на својот живот. Тие секогаш мора да го пробиваат мразот, а честопати ја играат и улогата на дадилка за другите деца во семејството. Најстарите деца доживуваат најголема горчина во текот на своето растење од повеќе причини. Од нив се очекува најголема сериозност, дарежливост и грижа за помалите деца. „Елит дејли“ пишува за неколку проблематични работи што ќе ги разберат само најстарите деца во семејството.

Најмалку излегуваат и најрано мора да се вратат дома

Веќе споменавме дека најстарите деца го пробиваат мразот во многу работи, а една од нив е излегувањето во текот на тинејџерските години. Имено, зборуваме за границата до која смее да се излегува. Тие се првите деца, па родителите повеќе се плашат за нивното добро. Најчесто тие се построги кон нив. Следните деца имаат поголема слобода бидејќи грижите од страна на родителите се помали.

Виновни се за сè

Доколку заедно се најдете во неволја, најстариот ќе биде виновен. Без разлика на проблемот што е предизвикан, родителот секогаш ќе бара одговор од најстарото дете бидејќи тоа „треба да биде посериозно и поодговорно“.

Мерка за добро и лошо

Факт е дека родителите секогаш го користат најстарото дете како мерка и позитивен или негативен пример за останатите деца.

Вие сте првите што ќе застанат пред олтарот

Родителите секогаш ќе ве „потсетуваат“ дека треба да создадете семејство и да им подарите внуци. Тоа ќе го зборуваат и пријателите и роднините. Вие секогаш ќе бидете под притисок, додека за помладите деца „има уште време“.

Секогаш чувствувате дека помалите брат и сестра ве копираат

Ова не ве иритира секогаш. Тоа може да биде добро кога претставувате добар пример за помалите.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот