Луѓето што имаат брат или сестра подобро ги изразуваат емоциите, имаат подобри комуникациски вештини, а се и поотпорни на депресија и осаменост, покажале истражувањата.
Неодамна објавено истражување покажува и дека сестрите и браќата понекогаш се повлијателни од родителите во семејството. Експертите сметаат дека влијанието на сестрите и браќата оди подалеку од детството и адолесценцијата. Позитивните вредности од здравите односи помеѓу браќата и сестрите создаваат обрасци кои се важни за стабилното ментално здравје.
Фото: Pixabay
Младите често не се „обучени“ како да ги искажуваат внатрешните чувства, а полесно им е да ги споделат со сестра или брат отколку со родител. Таквиот начин на комуникација е една од причините за полесно надминување на емоционалното незадоволство и проблемите со кои се мачат многу возрасни. Лековитите ефекти од разговорот со браќата и сестрите може да се види во целиот живот. Активното пријателство со браќата и сестрите најчесто доведува до задржување на таквите обрасци на комуникација и подоцна во животот.
Што кога браќата и сестрите не се во добри односи?
Разликите во личноста, потребите и генерациските празнини се нормални пречки помеѓу браќата и сестрите. Меѓутоа, овие „конфликти“ може да им помогнат на младите да се подготват за животот со надминување на предизвиците и решавање на проблемите. Ова е основа за добро ментално здравје.
Меѓутоа, истражувањето покажало и дека доколку немаме добри односи со браќата и сестрите, се зголемува веројатноста дека ќе бидеме склони на истото однесување со другите луѓе.
Истражувањето открило и дека меѓусебната наклонетост, разбирањето и довербата помеѓу браќата и сестрите се важни, а децата што растеле без поддршка од сестра или брат имале позабележителни емоционални проблеми подоцна.
Извор:
Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay