X
 10.02.2022 Живот

Отворена изложбата на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ

Отворена е изложбата на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ во Чифте амам, во Националната галерија, која ќе трае до 19 февруари. Ќе бидат изложени дела на повеќе од 40 македонски ликовни уметници кои работеа на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.
„Зимскиот салон“ на ДЛУМ е врвна ликовна манифестација основана во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми. Денешната физиономија на „Зимскиот салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност.

Од 2003 година Министерството за култура ја овозможува наградата „Гран при“ (престој во ателјето на „Citè des Arts“ во Париз), а од 2006 година ДЛУМ вградува нов критериум, односно конкретна тема на „Зимски салон“ со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Оваа манифестација прераснува во меѓународна во 2009 година.
Од страна на кураторот и селекторот на изложбата се поканети пет автори-гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот