X
 10.06.2016 Образование

Како да запомните 90% од она што го учите?

Би сакале да можевте да учите побргу? Без разлика дали сакате побргу да научите странски јазик, како да свирите нов инструмент или да играте нов спорт, треба да ја зголемите ефективноста на времето кое го трошите учејќи.

Замислете дека полните кофа со вода. Повеќето кофи немаат проблем чувајќи ја водата внатре, се' додека таа не почне да истекува. Всушност, нашиот мозок не функционира на овој начин. Повеќето од информациите кои влегуваат во нашиот мозок истекуваат по одреден периот.

Наместо да гледате на меморијата како кофа која чува се', треба да ја замислите како кофа која има дупки и од која истекува водата, односно информациите.

Како да запомните 90% од се' што учите?

Во 1960-те години била создадена таканаречената Пирамида на учењето според истражувања во областа спроведени дотогаш.

Според неа, луѓето помнат:

5% од она што го научиле од предавања;
10% од она што го научиле читајќи;
20% од аудио-визуелни алатки (апликации, видео);
30% од демонстрирање;
50% од групни дискусии;
75% од практична примена на наученото;
90% од инстантното користење на наученото (или предавањето на истото на другите).

Целта е наместо да ги принудуваме мозоците да запомнат повеќе со „пасивни“ методи, треба да се фокусираме на методи во кои ученикот е и учесник.

Тоа значи дека доколку сакате да научите странски јазик, фокусирајте се на зборувањето со луѓе кои го знаат, а доколку сакате да научите да свирите инструмент, изнајмете професор за да ве подучува и со кој ќе вежбате.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование