X
 11.03.2016 Образование

Велика Британија повторно земја со најдобрите универзитети во Европа

Велика Британија се најде на врвот на листата како земја со најдобрите универзитети во Европа, и покрај зголемувањето на трошоците на високото образование во земјата.

 

универзитет


Според универзитетските рангови на европските универзитети спроведени од „Times Higher Education 2016“ (ТНЕ), Британија се најде на врвот со вкупно 46 институции од 200, вклучувајќи 7 во топ 10, и 17 во топ 50.

Оксфорд, Кембриџ и Империјалниот колеџ во Лондон се првите три најдобри универзитети во Европа. Универзитетскиот колеџ во Лондон и Единбург исто така се појавија во топ 10-те.

И покрај добрите резултати на Велика Британија, веднаш до неа се најде Германија - со 36 институции во топ 200. Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен е највисоко рангираниот универзитет од оваа држава - на 10-то место, одека третина од универзитетите (11 институции) се наоѓаат во топ 50.

2

Со анализа на 13 клучни индикатори во перформансите, рангирањето е единствената табела која ги испитува сите основни мисии на современиот глобален универзитет: истражување, учење, трансфер на знаење и меѓународна активност.

И скандинавските земји се најдоа на добро место на табелата, со Шведска и Финска со по 11 и 6 институции во првите 200.

Други одлични резултати се покажаа и кај Данска (6 универзитети), Република Ирска (6 универзитети) и Швајцарија (9 универзитети), со најдобриот во топ 10-те. Земјите од овој регион кој имаа лошо рангирање Естонија, Грција, Кипар и Португалија со само една институција во групата од 171-200, додека земјите кои воопшто не се појавуваат во топ 200 се Полска, Украина, Романија, Бугарија и целата територија на поранешна Југославија.

И Русија „потфрли“, велат рангирањата, со само 5 институции во топ 200, со што е најниско рангирана земја во однос на нејзиното население.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование