X
 10.09.2019 Живот

СЗО: На секои 40 секунди некој во светот си го одзема животот

Во светот, на секои 40 секунди по едно лице си го одзема сопствениот живот, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО). Според извештајот, повеќе луѓе умираат секоја година како резултат на самоубиство отколку во војна. Бесењето, труењето и истрелувањето куршум се најчестите методи за одземање на сопствениот живот, забележува СЗО.

Организацијата ги повикува владите да усвојат планови за превенција со цел да им помогнат на луѓето да се справат со стресот и да го ограничат пристапот до лекови за самоубиство.

- Самоубиството е глобален здравствен проблем. Од него се погодени сите возрасти, полови и региони низ светот - наведува СЗО.

Самоубиството е втора водечка причина за смрт кај младите луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години, веднаш по сообраќајните несреќи, како и кај тинејџери на возраст меѓу 15 и 19 години. Кај тинејџерите, самоубиството се наоѓа на третото место, по сообраќајните несреќи и меѓучовечкото насилство.

СЗО истакнува дека речиси 800.000 луѓе умираат поради самоубиство секоја година, што е повеќе од маларија или рак на дојка или војна или убиство.

Глобалното ниво е во опаѓање во последниве години, со пад од 9,8 проценти меѓу 2010 и 2016 година. Во истиот период, сепак, регистриран е раст од 6 проценти во регионот на САД.

Во извештајот се открива дека речиси трипати повеќе мажи отколку жени си го одземаат својот живот во богатите земји, за разлика од оние во земјите со ниски и средни приходи.

- Самоубиствата можат да се спречат. Ги повикуваме сите земји да ги вклучат стратегиите за превенција во своите национални програми за здравство и едукација - изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебраус.

Организацијата нагласува дека ограничувањето на пристапот до најчесто користени пестициди е еден од најефикасните начини за драматично намалување на стапките на самоубиства. Во Шри Ланка, на пример, каде што беше воведена таква забрана, самоубиствата беа намалени за 70 проценти меѓу 1995 и 2015 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот