X
 10.10.2022 Здравје

СЗО: Околу милијарда луѓе во светот живеат со некакво ментално нарушување

Пандемијата на ковид-19 создаде глобална криза со менталното здравје, поттикнувајќи стрес кај милиони луѓе, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) непосредно пред одбележувањето на Светскиот ден на ментално здравје, 10 Октомври.

Уште пред пандемијата се проценуваше дека секое осмо лице во светот живее со ментално нарушување, а пандемијата дополнително ја влоши состојбата, според СЗО. Процените покажуваат пораст на анксиозните и депресивни нарушувања за над 25 отсто во текот на првата година од пандемијата. Истовремено, услугите за ментално здравје сериозно беа попречени, а разликите во лекувањето на менталните нарушувања меѓу богатите и сиромашните дополнително се зголемија.

Според СЗО, услугите, вештините и финансиските средства достапни за ментално здравје во многу земји и понатаму не се доволни. Затоа, организацијата повикува на зголемена грижа за целиот спектар на потреби за менталното здравје да биде задоволен преку мрежа од достапни, пристапни и квалитетни услуги и поддршка во заедниците.

Првите знаци на пречки и проблеми со менталното здравје најчесто се јавуваат за време на детството и адолесценцијата, но доколку не се добие потребно внимание и третман, многумина се соочуваат со поголеми проблеми подоцна во животот.

Според процените на СЗО, околу една милијарда луѓе во светот имаат ментални нарушувања и секој, каде било, може да биде погоден.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје