X
 11.01.2020 Технологија

Автомобили што можете да ги контролирате со вашиот мозок

Возила што можат да се контролираат со мозокот - колку повеќе се концентрирате, толку побрзо ќе возат - беа демонстрирани на Саемот за потрошувачи на електроника.

Учесниците на технолошкиот настан одржан во Лас Вегас во САД носеа ленти на главата базирани на медицинска технологија за скенирање на мозокот за да се тркаат со малите автомобили.

Компанијата што стои зад технологијата на читање на мозокот е фирмата „БрејнКо“ од Масачусетс, која била создадена во лабораторијата за иновации на Универзитетот „Харвард“.

Технологијата се заснова на конвенционални електроенцефалограми. Станува збор за медицински уреди за скенирање што користат мали сензори на скалпот за да ги соберат електричните сигнали што се создаваат додека мозочните клетки комуницираат меѓу себе.

Колку повеќе се концентрира еден „тркач“, толку побрзо ќе оди неговиот автомобил.
- Уредот ги преведува вашите мозочни бранови во електронски сигнали - објаснува Зенчуан Леи од „БрејнКо“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија