X
 25.11.2015 Технологија

Новата технологија што ќе ја замени wi-fi технологијата

Во блиска иднина очекувајте да слушате многу за „Li-fi“, безжична технологија која пренесува податоци со голема брзина користејќи видлива светлосна комуникација. Ова може да стане дел од секојдневието најрано за неколку месеци.


Научниците добиле брзина од 224 гигабајти во секунда користејќи ја оваа технологија годинава, па потенцијалот за технологијата да го промени начинот на кој го користиме интернетот е огромен. Најновата вест е тоа што научниците успеале да го тестираат новиот метод надвор од лабораторијата, во канцеларии или индустриски места во Талин, Естонија.

Резултатот кој го добиле е префрлање податоци со брзина од 1 гигабајт во секунда, односно 100 пати побрзо од моменталните брзини на wi-fi технологијата.

„Моментално дизајниравме паметно решение за индустриска околина во која комуникацијата се одвива преку светлината. Исто така, имаме пилот проект со приватен клиент кадешто мрежата се користи во канцеларија“, изјави научник кој работел на тестирањето за медиумите.


Инаку, технологијата била измислена од страна на Харалд Хаас од Универзитетот во Единбург, Шкотска во 2011 година, кога тој за првпат ја демонстрирал користејќи светлина од една сијалица и успеал да испрати повеќе податоци од цела телекомуникациска кула.

Меѓу останатите поволности на оваа технологија е и поголемата безбедност со оглед на тоа што светлината не поминува низ ѕидови.

Во 2011 година, изумителот Хаас ја претставил својата технологија во говор на ТЕД-конференција. Истиот говор погледнете го во продолжение.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија