Со задоволство ги известуваме играчите на игри на среќа на Државна лотарија дека новоотвореното уплатно-исплатно место во Кочани, кое се наоѓа спроти општинската зграда во Кочани, почна да работи и како регионална благајна. Со ова нашата земја ја доби првата регионална благајна на Државна лотарија, каде што играчите на кои Кочани им е поблиску од Скопје ќе може да се обратат за исплата на добивки во вредност над 5.000 денари. Токму оваа недела во Кочани беше доделен првиот електричен тротинет на добитничка од Кочани.
Со ова Државна лотарија започнува со имплементација на проектот за отворање регионални благајни. Првата е веќе отворена во Кочани, а до крајот на оваа година се планира да се отворат вкупно пет регионални благајни во различни краишта на нашата земја.
Целта на отворање регионални благајни е да им излеземе во пресрет на играчите низ земјата, да се намалат нивните трошоци за подигање на добивките, а да се зголеми задоволството од учеството во игрите на среќа на Државна лотарија.
Играчите што оствариле добивка на игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија: Лото 7, Џокер и Инстант лотарија, во износ и над 5.000 денари, за исплата на добивката веќе не мора да доаѓаат само на благајната во Скопје, отсега ќе може да се обратат и во првата регионална благајна во Кочани.
Регионалната благајна во Кочани, која редовно работи како уплатно-исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија, е на улица „Љупчо Сантов“, бр.1/4, спроти општинската зграда, со работно време од 9:00 до 21:00 часот, секој ден освен недела.
(Комерцијална објава)