X
 11.02.2023 Култура

Холивудски актери и актерки за кои нема да верувате дека никогаш не добиле „Оскар“

Светот со нетрпение ја очекува кулминацијата на сезоната на филмските награди „Оскари“. Како и секоја година, се зборува и за актери и актерки кои глумеле во најголемите филмови на денешницата и никогаш не ја освоиле престижната златна статуетка, иако неколку пати биле номинирани.

Во продолжение е листа со 10 талентирани актери и актерки на кои Академијата никогаш не им ја доделила наградата што ја заслужуваат.

Глен Клоуз



Заедно со покојниот Питер О'Тул, Глен Клоуз го држи рекордот за најмногу номинации без освоена награда. Фактот дека 66-годишната актерка не освои филмска награда е неразбирлив ако се земе предвид дека таа беше номинирана за „Оскар“ шест пати.

Во својата 29-годишна кариера таа освои номинации за најдобра актерка за улогите во „Фатална привлечност“, „Опасни врски“ и „Алберт Нобс, а од 1983 до 1985 година се натпреварувала во категоријата за најдобра споредна женска улога.

Ејми Адамс



Поради некоја причина, кариерата на Ејми Адамс стана синоним за идејата да добие „Оскар“. Откако се проби со филмот „Јунска бубачка“ (што ѝ ја донесе првата од шесте неуспешни номинации), таа продолжи со одличните изведби во филмови како „Сомнеж“, „Боксер“ и „Мајсторот“, но не освои „Оскар“.

Нејзината последна номинација беше во 2019 година за биографскиот филм за Дик Чејни на Аадам Мекеј. Сепак, има уште многу време за да добие „Оскар“.

Том Круз



60-годишниот Том Круз е еден од најплатените актери во Холивуд. Но, тој само трипати беше номиниран за „Оскар“, во категоријата најдобар актер за филмовите „Роден на 4 Јули“ и „Џели Мегваер“ и во категоријата најдобар актер во споредна улога во филмот „Магнолија“. Но, „Оскарот“ никогаш не стигна до неговите раце.

Сигурни Вивер



Уште една актерка со неколку номинации, но ниеден „Оскар“. Во 1989 година таа била номинирана во две категории.

Џони Деп



Извонредниот 59-годишен актер трипати беше номиниран за „Оскар“ за најдобар актер за неговата улога во „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“, филмот „Во потрага по Недојдија“ и „Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит“.

Хју Џекмен



54-годишниот австралиски актер и продуцент е познат по своите улоги во блокбастери како „Австралија“, „Затвореници“ и „Х-мен“, но номинација за „Оскар“ доби само за улогата на Жан Валжан во „Клетници“.

Бет Мидлер



77-годишната ѕвезда има добиено само две номинации за најдобра актерка - за улогите во „Розата“ и „За момците“.

Мет Дејмон



Дејмон е уште едно од најголемите холивудски имиња без „Оскар“, и покрај тоа што се приближил во три наврати. Во 1998 година тој загуби по номинацијата за „Добриот Вил Хантинг“ (иако успеа да победи во категоријата за најдобро оригинално сценарио). Подоцнежните номинации за „Непобедливи“ и „Марсовецот“ следуваа во 2010 и 2016 година, но безуспешно.

Мишел Вилијамс



И Мишел Вилијамс може да се „пофали“ со четири номинации, но без „Оскар“. Нејзиниот талент беше препознаен благодарение на филмовите „Планина Броукбек“ од 2005 година, „Тажна врска“ од 2010 година, „Мојата недела со Мерилин“ во 2011 година и „Манчестер покрај морето“ во 2016 година.

Лијам Нисон



Кога Лијам Нисон ја играше улогата на неговиот живот во 1994 година, онаа во „Шиндлеровата листа“, сите беа убедени дека нема кој друг освен него да го добие „Оскарот“. Но, како што животот не секогаш пишува бајки, така се случи и со Нисон, па така Том Хенкс таа година замина со златната статуетка за улогата во филмот „Филаделфија“.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура