X
 12.05.2015 Култура

Како да научите странски јазик

Велат дека децата најдобро учат странски јазик. Но тоа не значи дека возрасните треба да се обесхрабрат.

 

јазик


Полиглотите од преведувачкиот тим на ТЕД ги кажуваат нивните тајни за совладување на странските јазици. Стратегиите кои тие ги препорачуваат можат да се сумираат во седум основни принципи.

1. Бидете реални - Одлучете се за едноставна, но реална цел од која ќе тргнете, за да не се чувствувате неадекватни за задачата. Изберете 50 зборови од некој јазик и започнете да ги користите, а потоа полека започнете да ја совладувате граматиката.

2. Учењето на новиот јазик носи и промени во стилот на живеење
- Елизабет Бафард, која во своите 27 години учење на англиски јазик забележала доследност кај успешните ученици и токму тоа ги издвојува нив од останатите. Најдете навика која ќе можете да ја одржувате и кога сте уморни и болни.

3. Играјте
- Колку повеќе внесувате странски јазик во секојдневниот живот, вашиот мозок ќе го смета за нешто корисно и вредно. „Користете ја секоја можност да се изложувате на нов јазик“, вели преведувачот од руски Олга Дмитроченкова. Означувајте го секој предмет во куќата на јазикот кој го учите, читајте детски книги напишани на тој јазик, гледајте говори на ТЕД со превод на тој јазик.

4. Технологијата користете ја како помош - Дмитроченкова има одлична идеја: „Поставување на јазикот на телефонот на тој јазик може да ви помогне за брзо време да ги научите новите зборови“, вели таа. Истото важи и за промена на јазикот на вашиот пребарувач. А можете и да побарате структурирани можности за учење на јазикот на интернет. Холандскиот преведувач ЕЛс Де Кејсер препорачува Duolingo поради тоа што кон граматиката се пристапува низ игра.

5. Мислете на учењето на јазикот како можност за ново иксуство -
Преведувачот по шпански Себастијан Бети, секогаш го поврзувал учењето на странски јазик од искуството кое тој јазик му го овозможувал - од посета на забавни паркови, одење на аеромитинг, уживање во каубојска поезија и фолк-рок фестивали, па се до учење на фото-есеј техники. Со други зборови тој мисли на забавните работи кој секој сака да работи и ги претвора во можност за учење на странски јазик. Многу преведувачи ги дадоа истите совети.

6. Склопете нови пријателства
- Интеракцијата за учење на новиот јазик е клучна бидејќи ќе научите интуитивно да ги изразите вашите мисли, наместо ментално да ја преведувате секоја реченица пред да ја изговорите. Пронајдете луѓе чијшто мајчин јазик е јазикот кој го учите и обидете се да зборувате со нив.

7. Не се грижете дали ќе згрешите -
Една од најчестите препреки во конверазцијата на јазикот кој го учите е стравот од грешката. Нервозни сте што ќе разговарате со некоја личност на странски јазик? Обидете се да ги тестирате вашите јазични вештини со некои помлади. Колку повеќе разговарате, толку повеќе ќе се доближите до „недостижниот“ идеал за флуентноста која ја поседуваат само оние кои го зборуваат како мајчин јазик. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура