X
 12.02.2024 Технологија

Алтернативата за „Х/Твитер“ сега е достапна за сите

„Блускај“, кој се позиционира како ривал на платформата „Х/Твитер“, конечно е отворен за јавноста.

Ова значи дека веќе нема да биде потребна покана за да се најавите на „Блускај“.

Откако Илон Маск го купи „Твитер“ во октомври 2022 година, многу корисници изгубија интерес за платформата. Со падот на интересот за „Твитер“, подоцна „X“, платформите „Блускај“ и „Тредс“ беа промовирани како потенцијални алтернативи на мрежата на Маск.

„Блускај“ се појави меѓу првите и го искористи методот на покана за да се најави. Ова траеше до 6 февруари годинава.

Сега, „Блускај“ објави дека платформата конечно е отворена за јавноста. Ова се случи откако „Блускај“ речиси една година користеше само модел за покана.

Веб-страницата „Тек-кранч“ објави дека „Блускај“, пред ова отворање, имала околу три милиони корисници. Спротивно на тоа, меѓу другите конкуренти на „X“, „Тредс“ има 130 милиони активни корисници, додека „Мастодон“ има 1,8 милиони.

По отворањето и достапноста на платформата за сите, „Блускај“ веќе доби милион нови корисници во текот на првиот ден.

Извор: B92.net

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија