X
 01.05.2015 Образование

Која земја е најчестиот избор на студентите од програмата Еразмус?

zamena

 

Според податоците од Агенцијата за мобилност и програми на Европската Унија, Шпанија е најчестиот избор на Еразмус студентите за размена.


Во академската 2012/2013 година, во оваа држава од Пиринејскиот полуостров, на размена заминале 40.202 странски студенти.

На второто место се најде Германија, со 10.000 помалку странски студенти, додека трета е Франција со околу 29.293 странски студенти. Другите земји кои испратиле највисок број на странски студенти се Луксембург, Лихтенштајн, Финска и Летонија.

„Веќе 27 години, Еразмус им овозможува на студентите да живеат во странство со цел да ги прошират нивните хоризонти и да ги подобрат нивните вештини. Најновите податоци покажуваат дека Еразмус е многу попопуларен од кога било. Покрај придонесувањето кон чувството на припадност кон европското семејство, вештините кои Еразмус ги промовира им помагаат на студентите да ги зголемат нивните можности за вработување и кариера“, вели Андрула Василиу, европскиот комесар за образование, култура, повеќејазичност и младина.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование