X
 12.06.2019 Култура

Фестивал на децентрализирана култура „Блендер“ во Скопје

Фестивалот за децентрализирана култура – „Блендер“, ќе се одржи на неколку локации во Скопје, од утре до 15 јуни. Фестивалот ќе го отвори Мартчин со диџеј-сет, а ќе следува настапот на Роботек во Капан-ан. На 15 јуни во Кинотеката, во 20 часот, ќе има проекција на филмови на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија), односно на филмовите „Дами во бело“, „Дефинирање на гравитацијата“, како и изложба на фотографии од серијата „Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку“.

Фестивалот ќе го затвори бендот „Д локал блу“. Музиката на скопското трио, кое го сочинуваат Кристијан Савиќ на гитара, Панде Ефтимов на бас и Кристијан Новковски на тапани, е динамична.

Целта на овој проект е коренита и суштинска децентрализација на културата во нашата земја, преку креирање партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци од регионот, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град.

– Целта не е само организирање на еден ефемерен настан, туку поставување темели за натамошни слични акции и случувања, кои директно ќе ја збогатат локалната културна сцена и ќе создадат плодна почва за самоорганизирање и иницијатива – велат организаторите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура