По дипломирањето студентите сакаат да ја најдат работата од соништата. Тоа е макотрпен процес кој започнува со испраќање кратка биографија, односно CV.
За жал, оние со помало искуство можат да направат неколку грешки при неговото креирање. Ова е листа со најчестите грешки и совет како да се поправат:
1. Лоша граматика
Кратка биографија полна со граматички грешки остава негативен впечаток кај работодавците, иако тој што ја праќа може да одговара на работната позиција. Една грешка може да се прости, но повеќе би го намалиле интересот на работодавецот. Не срамете се да побарате помош за креирање на вашето CV, особено од пријатели што веќе имаат искуство со тоа.
2. Неажурирање
Никогаш не испраќајте го истото CV за секоја апликација. Треба да се потрудите да го ажурирате и надополнувате во зависност од работата за која аплицирате. Секој работодавец би сакал да знае зошто сте добри за работата за која аплицирате. Напишете ги вештините што ги поседувате, а одговараат на работната позиција. Вашата кратка биографија е ваша лична реклама.
3. Недостиг од постигнувања
Работодавците сакаат искуства, но вие ги немате и тоа претставува проблем. Сепак, вметнувајте ги вештините и постигнувањата што сте ги оствариле во текот на вашето образование, како и оние кога сте волонтирале или што ви се хоби. Направете корисна листа со искуства која ќе можете да ја вметнете во CV-то. Споменете ги и добиените награди.
4. Форма
Ако вашето CV е несредено, тогаш ќе биде многу тешко работодавците да го прочитаат и да го земат предвид. Треба да создадете
CV на кое лесно се наоѓаат информации. Долги реченици не се пожелни. Издвојте ги вашите главни одлики, карактеристики, вештини, образование и способности и направете редослед. Користете едноставен фонт и нормална големина на буквите.