Вчера на Плаошник, Охрид, свечено им беше доделено признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери.
- Признанието „Инженерски прстен“ им се доделува на најдобрите дипломирани студенти од факултетите кои образоваат инженерски кадри, со цел истакнување на најдобрите и промовирање на инженерството како професија значајна за развојот на државата и општеството во целина - наведуваат од Инженерската институција на Македонија.
Во продолжение е листата со сите добитници:
-Елена Стефаноска, Технички факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола;
-Теодора Силјаноска, Факултет за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола;
-Даниел Цоневски, Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип;
-Матеа Ташковска, Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Димитрија Симјаноски, Градежен факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Адина Османи, Факултет за применети (технички) науки при Универзитетот во Тетово;
-Ангела Мешкова, Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Виктор Мегленовски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Егзона Муртезани, Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Марија Митевска, Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Руфија Идризовска, Природно-математички факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Ева Зовиќ, Архитектонски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Михаела Златеска, Машински факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-Бојана Захариева, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје;
-
Матеа Анакиевска, Факултет за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип;
Честитки за добитниците!
Фото: Инженерска институција на Македонија