Во текот на летните месеци криминалците почесто вршат кражби бидејќи ги користат метежите предизвикани од туристите. Меѓу криминалците има и хакери кои ги крадат ПИН-кодовите на кредитните и дебитните картички користејќи софистицирана опрема. Најмногу вакви кражби има во САД и Мексико.
Истражување на компанијата „Дата џенетикс“ (Data genetics) ги открива најкористените ПИН-кодови кои се и најризични бидејќи може лесно да се хакираат.
Фото: Pixabay
Истражувањето покажало дека е најтешко да се хакираат кодовите што немаат значење или логична структура. Според истражувањето, најмалку користен ПИН е 8068.
Најкористени ПИН-кодови
1234
1111
0000
1212
7777
1004
2000
4444
2222
6969
Извор:
Avaz