X
 18.12.2021 Живот

Берлин претстави превозна картичка со масло од канабис што може да се јаде

Празниците може да бидат стресни, а берлинскиот јавен превозник БВГ им помага на своите корисници да се опуштат со картички со масло од канабис кои може да се јадат.

- На овој начин можете без мака да патувате низ Берлин цел ден, а потоа едноставно да го голтнете својот божиќен стрес заедно со картичката - изјавиле од БВГ.

Картичките се достапни во корисничките центри во делови од Берлин, а се направени од хартија потопена во масло од канабис која може да се јаде. Од БВГ велат дека маслото од канабис има смирувачки ефект.


Картичките чинат 8,80 евра, а со нив може да се возите низ Берлин неограничен број пати во период од 24 часа. Тие се легални бидејќи станува збор за канабис кој се одгледува за медицински потреби.

Претходно, компанијата имала повеќе други интересни кампањи за своите корисници, меѓу кои и обувки што служеле како сезонска карта.

Извор: Green
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот