X
 12.08.2024 Живот

Овие земји имаат најголем број емигранти

Селењето на луѓето во потрага по подобри економски можности, безбедност и подобри услови за живеење не е нов феномен. Но, следењето кои земји губат најмногу луѓе преку нето-стапката на миграција (разликата меѓу бројот на имигранти и бројот на емигранти), често помага во согледувањето на последиците од економските и политичките случувања во блиското минато.

Во продолжение е листа на земјите кои во 2023 година имале значително повеќе емигранти од имигранти.

Фото: Visual Capitalist (screenshot)

Пакистан е лидер на листата со негатива од 1,6 милион луѓе, а други азиски земји како Индија (-980.000), Кина (-570.000) и Бангладеш (-550.000) исто така котираат високо на листата.

Северноафриканската земја Судан се најде на второто место со негативна нето-стапка од повеќе од милион лица, што се должи на војната меѓу Суданските вооружани сили и паравоените Сили за брза поддршка.

Фото: Visual Capitalist

Општо гледано, податоците може да се поделат на земји од каде што луѓето емигрираат поради економски или политички причини (Индија, Кина, Пакистан) и земји во кои има активни конфликти (Судан, Украина, Палестина). Секако, во многу земји ги има и двете нешта.

Европските земји речиси и да ги нема на листата, но Грција се најде на 11. место со негатива од 159.000 лица.

Извор: Visual Capitalist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот