X
 13.01.2022 Живот

Најбогатиот млад претприемач во светот сака да го донира своето богатство

Младиот Сем Бенкмен-Фрајд е најбогатиот претприемач помлад од 30 години во светот, според „Форбс“. Станува збор за 29-годишен Американец кој живеел во Хонгконг, а сега е на Бермуда каде што е сместена неговата мултимилионска компанија.

Освен што е најбогат млад претприемач, Бенкмен-Фрајд е и најбогата личност што се збогатила со тргување со криптовалути. Неговото богатство се проценува на 26,5 милијарди долари. Тој почнал да инвестира во биткоини во 2017 година и потоа продолжил да тргува со оваа криптовалута. Подоцна ја основал менувачницата за криптовалути Еф-ти-екс, а потоа и фирмата за тргување со криптовалути „Аламида рисрч“, чија вредност денес е проценета на 25 милијарди долари.


Претходно Сем студирал физика на Технолошкиот институт во Масачусетс, а неговите родители се професори по право на Универзитетот „Стенфорд“. Бенкмен-Фрајд открил за „Форбс“ дека неговата цел е да го направи светот подобро место за живеење, а парите што ги заработува не ги троши.

Според него, на неговата сметка има само 2.000 долари, а живее со цимери, додека преостанатото богатство е во неговите фирми. Тој донира дел од приходите од менувачницата, а планира да го донира поголемиот дел од богатството во текот на животот.

Извор: Dnevnik
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот