X
 13.01.2024 Живот

Солта на патот е добра против лизгање, но и опасна бидејќи може да привлече диви животни

Истурањето сол на патот спречува мраз и сообраќајни несреќи, но може да привлече диви животни. Затоа се предупредуваат возачите да бидат дополнително внимателни.

Кога се бележат ниски температури и можност за голомразица, зимската служба ги посипува коловозите со сол за безбедност во сообраќајот. Оваа мерка, неопходна за безбеден проток на сообраќај во текот на зимските месеци, исто така носи одредени ризици. Еден од поизразените проблеми е привлекувањето диви животни, особено срните, во регионите каде што тие живеат.

Елените ја сакаат солта поради нивната природна потреба за минерали кои често не се достапни во нивната нормална исхрана. Солта има сличен ефект врз елените како и врз луѓето - консумирањето предизвикува ослободување на допамин во мозокот, што резултира со пријатна сензација. Овој одговор на допамин ја прави солта привлечна за елените, охрабрувајќи ги да одат на патиштата.

Поради ова, се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. Срната, која може да тежи десетици килограми, може да предизвика значителна штета на возилото и повреда на возачот и патниците во случај на судир.

Затоа е многу важно возачите да внимаваат, особено рано наутро и доцна навечер кога тие животни се најактивни.

Извор: Autonet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот