Календарски, до зимата има повеќе од два месеца, но многумина би сакале да знаат какви временски услови може да се очекуваат оваа зима во нашиот регион. Веб-страницата за временска прогноза „Акуведр“ ја објави временската прогноза за Европа за претстојната зима.
Според метеоролозите, океанскиот и атмосферски феномен Ла Ниња ќе има големо влијание врз временските услови во светот. Силни невремиња во Јужна Европа и на Балканот. Според прогнозерите, на локации во дел од Португалија, Шпанија, Јужна Франција, Италија и Балканот има поголеми шанси за појава на почести невремиња отколку на другите делови од континентот.
Ризикот за силни дождови е зголемен, особено во Југоисточна Франција, Северна Италија и Западен Балкан. Температурите оваа зима треба да бидат блиску до нормалата или малку над нормалата во Јужна Европа. Меѓутоа, периодите на нестабилно време може да донесат и пониски температури.
Истовремено, Северна и Средна Европа ја очекуваат посушни периоди, а дождот и снегот може да бидат под нормалата.
Метеоролозите на „Акуведр“ предвидуваат потопла зима од просекот за североисточниот дел на Европа и Скандинавија, а Обединетото Кралство и Ирска може да се соочат со постудени периоди.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay