Многу луѓе што имаат проблеми со анксиозност не се сигурни за своите чувства и не знаат дека се анксиозни. Препознавањето на емоциите е вештина која се учи и во која не се добри сите луѓе. „Сајколоџи тудеј“ наведува неколку знаци што може да ви помогнат да ја препознаете анксиозноста.
Тешко ви е да ги објасните чувствата
Доколку го поминувате денот без многу да размислувате за вашите чувства, имате проблем да им ги објасните чувствата на другите, ретко ги прашувате другите за нивните чувства и не сте сигурни што прави да се чувствувате добро или лошо, можеби имате проблем да ги препознаете чувствата. Поради ова, можеби не може да препознаете дека се соочувате со анксиозност.
Фото: Pixabay
Одреден здравствен проблем се појавил во стресен период
Доколку вашиот врат и грб почнале да ве болат при промени во вашиот живот или во стресен период, можеби промената е причина за болката. Истото може да значи и за хроничниот умор. Промените и стресот може да доведат до анксиозност бидејќи луѓето немаат контрола врз овие ситуации.
Не знаете што ви треба
Кога не се задоволени потребите за социјализација, успех или автономија, луѓето имаат негативни емоции. Доколку не сте свесни за потребите, можеби не сте свесни ниту за емоциите кога вашите потреби не се задоволени.
Фото: Pixabay
Имате нездрави навики за соочување со проблемите
Иако си кажувате дека сте добро, можеби несвесно се обидувате да се ослободите од анксиозноста преку пиење алкохол, трошење време и пари на производи за подобро спиење, гледање повеќе телевизија или бурно реагирање на мали проблеми.
Извор:
Psychology Today