X
 06.07.2023 Живот

Претераното гледање криминални содржини може да биде опасно за менталното здравје

Криминалните документарни филмови и серии станаа многу популарни во последните неколку години. Најгледаните содржини на платформите и омилените поткасти често се оние чии теми се поврзани со криминално однесување или криминални дела.

Психологот Мередит Фулер ги открива опасностите што можат да настанат поради прекумерното консумирање ваква содржина. Ваквите документарни филмови даваат увид во животите на сериските убијци, киднапери, напаѓачи, полицајци, па дури и на жртвите. Откривањето на развојот на настаните и психата на сите чинители е очигледно нешто во кое ужива голем дел од населението, но важно е да не се претера.

- Постои интерес за разбирање на овие човечки дихотомии и темнината во човековата природа, но мораме да се запрашаме дали тоа го окупира вашиот живот? Тоа е слично како аргументот дека не е добро младите да гледаат многу насилство бидејќи тоа може да поттикне внатрешно насилство кај нив - објаснила Фулер.

Други експерти истакнуваат дека гледањето прекумерна количина вакви серии е лошо за вашето ментално здравје и може да предизвика постојани кошмари и параноични мисли. Докторката Тема Брајан предупредува дека ако криминалните драми се начин за опуштање за вас, па дури и само пред спиење, тоа може да биде показател дека сте „запознаени со траумата“ и треба да побарате психолошка помош.

Според овие експерти, за да се опуштите, понекогаш е подобро да гледате лесна содржина која нема да ви предизвикува кошмари или параноја.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот