Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
- Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност - дури и во време на глобална економска криза на која ѝ претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата - напиша Битиќи во објава на „Фејсбук“.
Во моментот во Владата се одржува Економско-социјалниот совет на чиј дневен ред е висината на минималната плата, која досега изнесуваше 18.000 денари.
Секој момент се очекуваат изјави од владините претставници, синдикатите и работодавците.
Извор: МИА