Речиси 2 милиона вработени жители на Германија наскоро ќе добијат покачување од 25 отсто.
Три германски политички партии се согласиле да формираат нова влада минатата недела, а Олаф Шолц од Социјалдемократската партија ќе ја замени Ангела Меркел на местото канцелар. Во рамките на коалициските договори, земјата планира да ја зголеми минималната плата на 12 евра за час од моменталните 9,60 евра за час.
Ова може да им ја зголеми месечната плата на речиси 2 милиона лица во Германија што работат за минимална дневница, односно околу 5 отсто од сите вработени лица, според економистот Карстен Брзески.
Минималната плата треба да се зголеми на 10,45 евра на час во јули според претходен план, а во коалицискиот договор не се наведува кога ќе биде зголемена на 12 евра на час.
Фото: Pixabay
Економистите проценуваат дека оваа мерка може да придонесе кон зголемување и на другите плати, но централната банка на Германија ја критикува мерката и смета дека е „загрижувачка“.
Инфлацијата во Германија во октомври изнесувала 4,5 отсто, што е највисоко ниво во последните три децении. Германија првпат воведе минимална плата на национално ниво во 2015 г., кога минималниот надомест за еден час работа изнесувал 8,50 евра.
Истовремено, нов предлог-закон во ЕУ може да донесе зголемување на минималната плата во земјите-членки. Минималната плата во Германија веќе е една од највисоките во ЕУ.
Извор:
CNN
Фото: Pixabay