Податокот за тоа колку пари им даваат поканетите гости на младоженците на свадба изненади многумина. Германските медиуми дури и дадоа инструкции за тоа колку пари е соодветно да се стават во плик за младоженците со оглед на зголемената инфлација.
На студент или приправник кој прави свадба доволно е да му се дадат 30 до 50 евра, како и на некој што се класифицира како познајник. Ако се работи за пријатели и подалечни роднини, тогаш е во ред да се дадат 100 евра.
Во Германија најголеми суми им даваат родителите на своите деца кога прават свадба, а тие се движат од 100 до 500 евра по човек, а исто толку даваат и кумовите, понекогаш и тетките, вујковците и чичковците.
Доколку не спаѓате во ниту една од овие категории, тогаш издвојте онолку пари колку што сте пиеле и јаделе на свадбата.
Извор:
24sata.hr
Фото: Freepik