За да ги подобри своите алгоритми за препознавање говор, „Фејсбук“ ќе им плаќа на дел од своите корисници во САД за да го користи нивниот глас. Делови од пораки ќе се искористат за „учење“ на системите кои се користат во паметните звучници или камери што ги развива компанијата.
Технолошките гиганти, вклучувајќи ги и „Фејсбук“, „Гугл“ и „Амазон“, минатата година беа обвинети дека ги користат гласовните пораки на своите корисници. Имено, вработени во компаниите работеле на транскрипција на гласовните пораки и така добивале пристап до личните податоци на корисниците.
Фото: Pixabay
За да одбегне вакви проблеми во иднина, „Фејсбук“ ќе им плаќа на корисниците за да ги користи нивните гласовни пораки. Новата програма е дел од апликацијата на „Фејсбук“ за истражување на пазарот, што ги наградува корисниците што им помагаат со тестирање или анкети.
Во програмата може да учествуваат само корисници од САД кои имаат над 18 години и најмалку 75 пријатели на социјалната мрежа. Корисниците што се одбрани да бидат дел од програмата ќе треба да ја кажат фразата „Хеј портал“ пред да го кажат името на пријателот на кој му е наменета гласовната порака.
Наградата изнесува 200 поени за секоја гласовна порака, а на секои 1.000 поени може да се добијат 5 долари.
Извор:
Тechradar.com