X
 13.06.2022 Живот

H&M влегува во Македонија - прва продавница во Скопје

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот синџир на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Македонија ова лето 2022 година.

Долгоочекуваното отворање на продавницата од 2.300 m² ќе биде во популарната шопинг-дестинација „Ист гејт мол“ во Скопје.

- Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Македонија. Верувам дека ќе биде омилена модна дестинација за сите оние што сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро - изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.



Продавницата H&M во Скопје ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвремени класици, кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот