X
 16.08.2022 Живот

H&M го сака Скопје: нов мурал кој истовремено го прочистува воздухот откриен во центарот на градот

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M), шведската модна компанија која ќе ја отвори својата прва продавница во Скопје во текот на оваа недела, вчера пред гимназијата „Јосип Броз-Тито” го откри новото урбано уметничко дело, мурал кој истовремено е пример и за одржлива уметност.

Муралот, изработен од локалните артисти Ертунч Сали, Бранкица Јордановска и Сања Симоска, е 60-метарско уметничко дело кое ја пренесува пораката „H&M го сака Скопје“ на најдобар можен начин – со истовремено прочистување на воздухот благодарение на специјалните материјали искористени за премачкување на ѕидот.


Преку процес на фотокатализа, благодарение на фотосензитивните честички кои се нанесени на муралот, ги разградува штетните честички од воздухот во истиот момент кога ќе дојдат во допир со површината на муралот. Ова е првиот мурал на јавен простор во Скопје кој има прочистувачки својства. Дополнително, материјалот кој е искористен има самопрочистувачки, антибактериски и антивирусни својства.

- Ова прекрасно парче на одржлива уметност е нашиот подарок за Скопје и е симбол за почетокот на нашето модно патешествие овде. Истовремено, покажува дека одржливоста е дел од ДНК-та на H&M и дека забавата и креативноста одат рака под рака со грижата за климатските промени и одговорноста кон околината - изјави Томас Естрани, менаџер за продажба.



(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот