X
 13.07.2022 Живот

Туширањето со студена вода наутро е најдобрата работа за здравјето, тврдат научниците

Холандско истражување покажа дека луѓето што наутро се тушираат со студена вода помалку отсуствуваат од работа во споредба со луѓето што се тушираат со топла вода.

Истражувањето опфатило повеќе од 3.000 луѓе, но сѐ уште не е утврдено зошто студената вода го намалува ризикот од болести. Некои истражувачи сметаат дека студената вода може да го зајакне имунолошкиот систем.

Истражување од Чешка открило дека имунолошкиот систем бил зајакнат кај млади луѓе што се занимаваат со спорт трипати неделно, во период од шест недели, кои се туширале со студена вода.

Студената вода го активира симпатичкиот нервен систем, кој управува и влијае врз нашиот одговор за „борба и бегство“. Станува збор за автоматска физиолошка реакција на настан кој се перципира како опасен, стресен или застрашувачки.

Кога симпатичкиот дел од нервниот систем се активира со студена вода, тоа го зголемува нивото на хормонот норадреналин. Овој хормон предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок кај луѓе што се тушираат со студена вода, што е поврзано со подобрување на здравјето.

Исто така, студената вода ја подобрува циркулацијата, а некои истражувања посочуваат дека исто така може да биде корисна ако сакате да изгубите тежина. Освен тоа, студената вода може да има многубројни придобивки и за менталното здравје, а во контакт со лицето или вратот, може да ги подобри функциите на мозокот.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот