Интересно соопштение од кинеската социјална мрежа „Веибо“ тврди дека „ајфон 16 про“ ќе има подобра осветленост на екранот од неговиот претходник („ајфон 15“) за цели 20 проценти. Ова подобрување се однесува на типичната осветленост на СДР (стандарден динамички опсег) и ќе биде 1.200 нити, додека стандардната ХДР осветленост ќе остане иста и ќе биде 1.600 нити.
Иако режимот за максимална висока осветленост ќе остане ист, може да има одредена конфузија околу бројките. Постојат различни режими на осветленост кои треба да се земат предвид, вклучително и рачна осветленост, типична осветленост и режим на висока осветленост што започнува во одредени ситуации (како на светол сончев ден), а има врвна осветленост ХДР, која може да биде многу повисока од која било од другите многу специфични (и обично мали) делови од екранот.
Изворот на информации од платформата „Веибо“ тврди дека „ајфон 16 про“ ќе го има истиот максимум во режим на висока осветленост од 1.600 нити како неговиот претходник, но претходниот модел всушност може да достигне и до 2.000 нити, што укажува на одредена конфузија.
Важно е да се спомене дека овој извор не е секогаш веродостоен кога станува збор за информации за производите на „Епл“, иако даде изненадувачки точни информации, како што е лансирањето на жолтиот „ајфон 14“ во 2023 година, матното задно стакло на „ајфон 15“ и „ајфон 15 плус“, просторно снимање видео на „ајфон 15 про“ и многу повеќе.
Не е невообичаено да се очекува „Епл“ да ја подобри осветленоста на екранот на „ајфон 16 про“, со оглед на неодамнешните трендови во индустријата и за „Андроид“ и за „иОС“ оперативните системи. Со оглед на тоа што типичната осветленост е на 1.000 нити од претставувањето на „ајфон 13 про“ во 2021 година, веројатно е време за ова подобрување.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik