X
 14.06.2021 Образование

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите

Училиштата не смеат да им наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година.

Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образованието, при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично, пишува во соопштението од МОН.

МОН потсетува дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование и член 3 од Законот за средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 161/19 и 229/20), кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.

Инаку, станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата, за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование