X
 04.06.2021 Образование

МОН отвори веб-страница каде што може да се информирате за реформите во основното образование

Министерството за образование и наука отвори нова информативна интернет-страница на која може да се обезбедат исклучиво податоци поврзани со реформите што се креираат и имплементираат во основното образование, согласно планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, пишува во соопштението од МОН:

На www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk медиумите и граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности што МОН и другите надлежни институции во областа на образованието ги спроведуваат, односно планираат со цел модернизација на базата на образовниот систем во државата и фаќање чекор со стандардите за квалитет кои ги наложуваат земјите од развиениот свет.

Веб-страницата содржи детално појаснување на содржината на планот за реформа на основното образование, а јавно се објавени сите документи поврзани со промените, како Концепцијата за основно образование, новите наставни програми и националните стандарди врз основа на кои се изработени, но и постојната и законската регулатива која е во фаза на подготовка или веќе се наоѓа во собраниска процедура на усвојување. Исто така, во посебно мени можат да се најдат и одговори на сите најчести дилеми и поставувани прашања во јавноста за одредени аспекти на промените.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование