Рокот за аплицирање за сместување во
студентски дом за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за 7 дена, соопштија од Министерството за образование и наука.
- Согласно измените на конкурсот, електронското аплицирање и поднесување на потребните документи од страна на студентите од втора и повисоките години на студии ќе трае до 25.8.2020 година, додека конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7.9.2020 година, на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН - се наведува во
соопштението.