X
 20.07.2020 Образование

Намален бројот на ученици и студенти сместени во државните домови во последната учебна година

Во последната учебна година за 4,5 отсто, во споредба со 2018/2019, се намалил бројот на ученици и на студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број изнесува 5.727.

Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 192 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 36 дома: домовите за ученици во основните училишта, во средните училишта, во средните верски училишта и во студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование