Помладите луѓе се полоши во препознавањето лажни вести отколку постарите возрасни лица, покажува истражување. Психолози од Универзитетот во Кембриџ го развија првиот „тест за подложност на дезинформации“, кој покажува колку е ранлива личноста на лажни вести на интернет.
Во истражувањето учествувале над 8.000 лица, кои правилно означиле 65 отсто од вистинските или лажни вести. Меѓутоа, се покажало и дека младите лица полошо препознаваат лажни вести од постарите лица и дека лицата што поминуваат подолго време на интернет послабо ги препознаваат дезинформациите. Ова е во спротивност со ставовите на јавноста во врска со ширењето дезинформации на интернет, според кои се претпоставува дека постарите лица се поподложни на лажни вести.
Само 11 отсто од младите од 18 до 29 години добиле висока оцена на тестот, додека 36 отсто добиле ниска оцена. Од друга страна, 36 отсто од оние на возраст од 65 години или повеќе имале висока оцена, а само 9 отсто имале низок резултат.
Околу 30 отсто од оние што поминувале 0-2 часа на интернет секој ден имале високи резултати, во споредба со само 15 отсто од оние што поминувале девет или повеќе часови.
Истражувачите наведуваат дека доколку некој е заинтересиран да се тестира, тоа може да го направи на овој
линк. Потребни се помалку од две минути за да се заврши тестот.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay