Студиото на „Дизни“ е големо и наликува на огромна, комплицирана машина. Дури и за најкраткиот цртан филм се потребни до 400 уметници, камермани, музичари, креативци и техничари. Имаме можност да погледнеме директно во ова студио. Поточно, такво какво што било во 1953 година.