Постојат малку информации и слики за најраните железнички станици во Скопје, барем кога станува збор за интернетот. Но, најдовме фотографија од првата железничка станица во градот.
Таа била изградена во 1873 година, а ги поврзувала Солун и Белград. Била уништена во 1930-те, а во 1940 година била изградена нова, која била една од најубавите на Балканот.
Оваа железничка станица по 23 години функционирање ќе стане симбол на катастрофалниот земјотрес кој го погодил Скопје.