X
 10.01.2015 Образование

Помина и претпоследната фаза пред законите да бидат конечно усвоени

Помина и претпоследна фаза во постапката пред законите за Високо образование да бидат конечно усвоени на пленарна седница.

По претрес на 150 амандмани и одбивање на сите предлози на опозицијата, Собраниската комисија за образование, наука и спорт во второ читање повторно го изгласа целиот пакет за реформи во основното, средното и високото образование, Законот за Педагошки факултет, Законот за наставници во основно и средно образование, Законот за формирање Академија на наставници и Предлог - законот за обука на директори на средни и основни училишта и предшколски установи.

Комисиската расправа со долги паузи во повеќе наврати траеше цели 17 часа, а законите се изгласаа во 3 часот по полноќ, завршувајќи со законот за високо образование за кој беа поднесени вкупно 90 амандмани.

Прочитајте повеќе на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование