X
 11.02.2015 Образование

Студентски пленум ја започна окупацијата на факултетите

Студенти од различни факултети во се помасовна бројка се приклучија во окупацијата која Студентскиот пленум ја започна пред платото на УКИМ, пренесува НОВА.

 

Со транспаренти „Автономна зона“, „Слободен универизетет“, „Ако не ние кој, ако не сега кога?“, студентите ги повикуваат сите колеги да им се приклучат во нивната борба против владините реформи во образованието.



Помеѓу присутните, во голем број се забележуваа и членови на Професорскиот пленум, кои официјално се изјаснија дека ги поддржуваат студентите.

Претставници на Студентскиот пленум, одеа од предавална во предавална на сите факултети кои се наоѓаат во кампусот на УКИМ, извикувајќи „Автономија“, а дел од студентите ги напуштаа предавањата и им се приклучуваа.


 

Студентите потсетија дека на МРТВ се уште оди рекламна кампања за државен испит и посочија дека не заборавиле на прилозите дека Студентски пленум не постои.

Посочија дека помнат и кој ги заокружувал и им порачаа на истите, да дојдат да го видат она што се случува во моментов.

Како што информира репортерката на НОВА, Славица Филиповска во моментов илјадници студенти влегоа во Филилошкиот факултет, а бројката на професори и студенти се повеќе се зголемува.

Извор: НОВА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование