Голем дел од батериите од лап топите не траат долго и се доста скапи за замена. Затоа, ви нудиме неколку начини како да го продолжите животот на вашата лап топ батерија.
1. Не дозволувајте лап топот да прегрее
Ако можете да почувствувате топлина од вашиот лап топ додека лежите на каучот, тогаш имате проблем. Ова е особено точно доколку вашиот компјутер неочекувано се исклучи. Малку е посложено да оладите лап топ отколку десктоп компјутер, меѓутоа е возможно. Потребно е или да си купите кулер или вакуум за компјутер кој ќе ја исчисти нечистотијата.
2. Не ја отстранувајте или не ја ставајте батеријата додека лап топот е вклучен
Ова го знаат сите, меѓутоа вреди да се спомене. Внимавајте, и секогаш исклучувајте го вашиот лап топ пред целосно да ја отстраните батеријата, или ризикувате сериозни оштетувања.
3. Користете 80/20 метод
Добро познатиот 80/20 метод ќе ви помогне да го продолжите животот на вашата батерија. Овој метод вели дека батеријата на лап топот никогаш не треба да оди под 20% или над 80%. Не е лесно да се држите до ова правило цело време, меѓутоа доколку можете, вашата батерија ќе трае многу подолго.
4. Не го оставајте вашиот компјутер целосно наполнет
Дури и ако не го користите методот 80/20 цело време, најдобро би било да не го оставате лап топот 100% наполнет. Обидете се да биде околу 40 до 60% кога не сте до вашиот компјутер. Тоа значи дека не треба да го оставате вклучен во струјата навечер или во подолг период за доброто на батеријата.
5. Никогаш не дозволувајте целосно да се потроши батеријата
Ова е една од најлошите работи за батеријата и самиот компјутер. За да избегнете оштетување на хардверот (вклучувајќи ја и самата батерија) не го оставајте лап топот да се испразни до 0%.
6. Не користете Google Chrome
Овој веб пребарувач го намалува животот на вашата батерија доколку користите windows компјутер. Со самото тоа што пребарувачот останува отворен, тој јади се` поголем дел од енергијата, предизвикувајќи компјутерот порано да се исклучи.