X
 26.05.2017 Технологија

Што би можеле да очекуваме од „Google“ оваа година?

гугл
Фото: AFP

Во изминативе неколку години „Google“ од технолошки гигант кој воглавно произведува софтвер, се трансформира во компанија која произведува респектабилен хардвер. Преку соработката со „OEM“ произведувачите како „HTC“, денес „Google“ на пазарот пласира мобилните телефони кои можат да им парираат на уредите на „Apple“ додека во другите сегменти допрва треба да се докаже.

Секако, низ производите се земени во предвид и сервисите на „Google“, а од неодамна и асистентот на „Google“. Во продолжение ви донесуваме мал преглед на работите кои би можеле да излезат токму од оваа компанија.

1. „Google Pixel 2“

2
Фото: Flickr

Овој паметен телефон е претставник на сопствената понуда на „Google“, а после неодамнешното претставување на новите модели на „Android“ со „infinity“ екрани, односно екрани кои ја заземаат целата предна површина на телефонот (како што се „LG G6“ и „Samsung Galaxy S8“) тој почнува да изгледа старомодно. Главната предност на телефоните на „Google“ е секогаш свежата и најнапредна верзија на оперативниот систем „Android“, но затоа на хардверската страна ѝ недостасуваат неколку карактеристики како што е сега речиси неизбежната отпорност на вода.

2. Уште еден „Pixel“ модел?

3
Фото: Flickr


Моменталната генерација на „Pixel“ моделот доаѓа во две верзии - 5 инчен „Pixel“ и 5.5 инчен „Pixel Xl“. Постои можност во понудата да биде додаден уште еден модел кој би можел да биде таблет. Информациите кои моментално кружат укажуваат на модел кој ќе има екран поголем од 5.5 инчи, со кодно име „Taimen“.

3. Официјален „Google Tango“ паметен телефон

3
Фото: Flickr

„Tango“ е технологија за зголемена реалност, каде со помош на камерата на мобилниот телефон може да се мапира, односно скенира просторот во 3D и на реалниот свет од камерата да се ставаат виртуелни содржини. На пример, доволно е да прошетате низ просторијата која ќе се пренесе како компјутерска игра. Овој модел не е прв на „Google“, меѓутоа дефинитивно е прв официјален. Имено, „Google“ на проектот „Tango“ соработувал со други компании па така веќе во продажба се „Lenovo Phab 2 Pro“ и „Asus Zenfone“.

4. Целосно самостоен „VR Headset“

4
Фото: Flickr

На овогодишната конференција на „Google“, компанијата најави дека работи на уред за виртуелна реалност кој за работа не бара паметен телефон, туку е целосно самостоен. Тоа би било надградба на досегашното решение за „VR“ како што се „Daydream“ и „Cardboard“ кои бараа поврзување на мобилниот со очилата. Ова е голема новост бидејќи со тоа се продолжува влегувањето на „VR“ во мејнстримот, а можно е и додавање на пријателски конкурент како „HTC Vive“ и „Oculus Rift“.

5. Наследник на „Google Home“

5
Фото: Flickr

Уредот кој наликува на освежувач за воздухот би можел да добие свој наследник оваа година. Повеќето функции како управување на уредите во паметен дом, управување на разни елементи на „Google“ сервисот и стриминг на музика сигурно ќе останат. Се претпоставува дека новиот „Home“ би можел во еден уред да ја интегрира функционалноста на рутерот „Hub“ како и неговиот сателитски уред „Mesh Wi-Fi“. Со тоа, покриеноста на интернетот во домот значително ќе се подобри.

Автор: Иван Лузар
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија