Во Македонија во вторник во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно облачно. Во северозападните, западните и југозападните предели со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 7 степени, а дневните температури до 5 односно до 14 степени.
Во Скопје во вторник во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура од 3 степени, а максималната температура до 9 степени.
Во среда во утринските и претпладневните часови со услови за локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат и услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 3 до 8 степени, а максималните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.
Weather4all.com.mk