Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет.
Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува в сабота попладне и в недела, соопшти УХМР.
Минималната утринска температура ќе се спушти до -2, а максималната дневна ќе достигне 17 степени.
Извор: МИА