ОНЕ информира дека гледачите на БоомТВ продолжуваат да ја следат програмата на Fox, Fox Crime, Fox
Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите. Во тек е регулирање на лиценците за емитување согласно новите
барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и очекуваме тоа да биде завршено
во најкус можен рок, без да дојде до исклучување на споменатите ТВ канали. Со истата постапка работиме и
на враќање на Foх Life I National Geoographic каналите.
Инаку, ниту еден канал на платформата на БоомТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ. На
ААВМУ при регистрација на ТВ програмите и се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата
како и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која
е регистриран.