ОНЕ информира дека гледачите на Боом ТВ од денеска повторно ќе можат да ја следат програмата на
атрактивниот ТВ канал Fox Life.
Овој ТВ канал, кус временски период, не беше достапен за гледачите на Боом ТВ додека траеше процесот на
регулирање на лиценцата за емитување, согласно новите барања на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни
медиумски услуги (ААВМУ).
Како што информиравме во петокот, 30-ти јануари 2015, гледачите на Боом ТВ продолжуваат да ја следат
програмата на Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите.
Инаку, ниту еден канал на платформата на Боом ТВ не е реемитуван без соодветна дозвола од ААВМУ. На
ААВМУ при регистрација на ТВ програмите се доставува соодветниот договор со имателот на ТВ правата како
и неговата дозвола за креирање на ТВ содржини издадена од соодветниот регулатор во државата во која е
регистриран.