X
 03.02.2015 Култура

Отсега задолжителна војска и за жените во Северна Кореја

Во обид да ја зајакне својата армија, Северна Кореја ја направи воената служба задолжителна и за жените.


Гардијан“ пренесува дека „мерката се однесува на жените помеѓу 17 и 20 години во секоја провинција, секој град и секој округ. Промените ќе започнат да се реализираат веднаш.

Извор од Северна Кореја објавува дека на крајот на изминатата година жителите добиле наредба за сите жени кои завршиле со средно образование да отслужуваат војска. Прелиминарните прегледи веќе биле завршени и сè е организирано. Воената служба за жените започнува во април.



За разлика од мажите, кои служат задолжителни 10 години, жените ќе служат само до својот 23-ти роденден.

Според известувањата, мерката била преземана поради недостиг во броевите на армијата. Недостатокот на мажи веројатно е резултат од високата стапка на морталитет помеѓу децата и слабата стапка на наталитет од 1990-те наваму.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура